Апел за помош на самохраната мајка Розе од Струмица

3

Преземено од Вистински Дела На Љубезност

Розе Кирова има 49 години и живее заедно со две малолетни деца, ќерка 16 год. и син 17 год. (и двете се средношколци). Јануари 2017 год. ненадејно починува нејзиниот сопруг од мозочен удар поради многу стресови.Сега семејството нема лекарско осигурување, ниту може да добие семејна пензија.

Семејството добива социјална помош од 4000 ден. кои не се доволни за подмирување на сите сметки и потребите од храна, облека, училишен прибор и сл.

Инаку мајката е со нарушено здравје, боледува од астма, разни алергии и како последица на истите десната рака и се укочува, кожата и се лупи, ноктите се деформирани и неможе воопшто да ја користи истата. Била на испитувања и постојано е под терапии кои не и помагаат, затоа што испитувањата не биле детални (поради недостаток на пари) и терапиите најчесто биле ефтини – кортикостеориди кои не ја лечат.
Има потреба од сериозни испитувања и соодветни лекарства. Потребно е да собере пари и да оди во добра клиника на испитување надвор од земјата, да може да се излечи, за да може да се вработи и да допринесува за своето семејство.

Исто така мајката има проблеми со забите, непцата и се многу загноени, но и состојбата со забите на децата е загрижувачка. Поради ситуацијата во која се наоѓаат не се во можност да одат на стоматолог.

Ова семејство покрај лекувањето на мајката и стоматолошки интервенции на сите тројца има потреба и од следниве работи:
– храна и средства за хигиена,
– облека за семејството,
Роза – бр. на обувки 37, конф. бр. на облека 48
Керката – бр. на обувки 37, конф. бр. на облека 40
Синот – бр. на обувки 42, конф. бр. на облека М, панталони 31/32
– фрижидер, поправка на кровот, купатило (имаат само полско WC), кревет, шифоњер, фотеља, комода, трпезариска маса, столици, тросед, двосед, масичка, машина за перење, печка на дрва, огревно дрво, изолација на подот и ѕидовите, компјутер за децата.
– вработување на мајката.

Доколку сте во можност да донирате од материјалните работи, истите можетеда ги пратите по Карго, а доколку сакате да им помогнете финансиски тоа можете да го сторите донирајки дирекно на сметка:

Кирова Роза
200003176800238
Стопанска Банка АД Скопје

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење