Апел за помош на самохрана мајка од Конопница

7

Преземено од Вистински Дела На Љубезност

Семејството Анѓелови, поточно самохраната мајка на 17 годишен син живеат во многу тешки услови. Мајката е невработена и нема воопшто примања, синот учи во средното електротехничко училиште во Крива Паланка. После разводот, додека сеуште имале малку пари уште кратко време остануваат да живеат во Скопје. Не можат повеќе да плаќаат кирија, па се приморани да одат да живеат во старата куќа од нејзината мајка во Конопница, Крива Паланка. Нивните потреби се следни: – храна, машина за перење, шпорет, фрижидер – синот има потреба од компјутер, за да може да ги извршува обврските спрема училиштето – мајка сака да работи и не бира каква работа, не сака да зависи од некого и од постојано донирање на помош. Секој кој сака да му помогне на ова семејство, тоа може да го направи на следнава сметка:

Јагода Ангелова 300007061475682 Комерцијална банка

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од dragan, на Одговори

    Stavete i broevi od VIP i Tmobile taka e polesno

  2. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Здраво Драган, за жал за социјалните апели нема телефонски броеви за донации. Единствен начин да се помогне е со директна донација или со донација на сметка. Секое добро.