Aпел за помош на самохрана мајка

29

Хумани луѓе, до скоро имавме објава за самохрана мајка која имаше 3 деца. Тешкиот живот дополнително отежнат поради трите операции од срце на едното дете ја доведе мајката до срцев удар поради кој сега таа е во тешка здравствена состојба. Дополнително на проблемите со срцето, таа е и дијабетичар поради што треба уште поголема нега.

Здравствените проблеми за жал не го заобиколија ни детето кое одеше на постојани испитувања, но за жал после подолг период на лекување, ќерката почина.

Со минимална социјална помош а многу лекови кои и се потребни, таа со нејзините деца не може да ги преживее деновите.

Затоа, сите Вие кои можете да и помогнете на оваа болна самохрана мајка контактирајте не на mail@donacii.mk.

Нашето малку за некој е многу. Да помогнеме!

Преземено од Здружение Надеж Мит

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

26 коментари

  1. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Здраво Јасминка, деталите Ви ги пративме на мејл. Секое добро.