Апел за помош на Ристе и Влатко Димитриевски

4

Триесет и деветгодишниот Ристе и три години помладиот Влатко веќе четврт век се врзани за кревет. Речиси на иста возраст добиле иста дијагноза – церебрална попреченост. Родителите на Ристе и Влатко некако успевале да се справат со болеста на своите деца. Не барале помош од никого. Се до пред пет години, кога Недо починал. Неговата сопруга раскажува дека умрел од тага.

Ова семејство добива од државата паричен надомест, но парите не стигнуваат за се.  Згора на тоа, наместо мајката, државата го назначила постариот Ристе за старател на помладиот Влатко, па сега само едниот од нив добива парична помош.

Лила мора да плаќа негувателка и масер, кој доаѓа еднаш неделно. Децата сакаат повеќе, но лила нема пари за тоа. Општината и подарила дигалка, со која едвај некако ги преместува на спиење, но нема сила да ги изнесе надвор, на чист воздух.

Среќни ќе ги направи барем една обиколка на Велес и езерото Младост кои не ги виделе со години, а дружба со други луѓе за нив е вистински празник.

Но, за тоа треба и државата и хуманите луѓе да се сетат. Оти за многумина невидливи работи, за ова семејство се вистинско богатство.

Трансакциска сметка за донации:

Ристе Димитриевски

3700000197831-78

Еуростандард банка А.Д Скопје

Превземено: http://pogled.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење