Апел за помош на Рајна Илиевска и нејзиниот син

3

Семејството од Маџирмаало, кое минатата недела ја изгуби својата куќа, благодарение на директорот на ЈП ПОЦ и неколку надворешни соработници, сега се сместени во гарсониера во Кисела Вода. Договорот за стан е потпишан на шест месеци, време во кое младиот Александар ќе се потруди да најде работа за да може да продолжи да се грижи за себе и за својата мајка која е болна, а од државата зема инвалидска пензија во износ од 3500,00 денари.

„Неколку пати имаме покането новинари од поголемите телевизии. Никој нема дојдено да сними каде и како живеевме и тоа во Центарот на Скопје“ – рече Рајна. „Со овие 3500,00 денари постигнувам само да си ги купам лековите без кои не можам и нешто малку за јадење. Премногу сме благодарни на сите кои помогнаа и сите што продолжуваат да помагаат.“ – додаде мајката на Александар.

Семејството кое на 1-ви март остана без покрив над главата се’ уште му треба нашата помош.
Затоа апелираме до сите хумани луѓе, кои што располагаат со покуќнина, облека, обувки, или пак работа за 22 годишниот Александар да ги исконтактираат вработените во ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Сметка за помош:
200002737284023
Рајна Илиевска
Стопанска Банка АД – Скопје

Превземено од ЈП Паркинзи на Општина Центар

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење