Апел за помош на Никола Далчески

7

Пријатели, на Никола му е неопходна нашата помош!

Никола е сирак, без татко. И е столб во својата куќа. Работи работа за прескомни примања, кои што не стигнуваат за еден човек, а камоли за повеќе. Никола не е сам. Има мајка, брат и сестра близнаци на 15 години, и помала сестра на 13 години. Живее во куќа во која што нема греење, струјата е исклучена, а и водата е само прашање на време до кога ќе биде уклучена.
Иако е на далеку под маргините на нормално човечко егзистирање,Никола е свесен за проблематиката, и иако пари му се преку потребни, знае дека не може да ги добие туку така. Меѓутоа замоли за нешто.

Бара облека и храна.
Машка горна облека броеви L и XL, долна облека броеви 32,34
Женска горна облека броеви XS,S и M, долна облека броеви 26,28,30.
Секаков вид на храна која што може да стои подолго, конзервирана, зимница, тестенини е добредојдена. Па и доколку е во можност некој и финансиски да помогне, познава некој таков или слично, секаква помош, до последен денар е повеќе од прифатлива.

Доколку сте во можност да допринесете со било каква горенаведена помош, Ве молам да се обратите кај Никола 072 242 871.

Парични средства може да донирате на следната трансакциска сметка:
210 5016954779 87
НЛБ Тутунска банка
Сунца Далческа

 

Превземено од фб

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење