Апел за помош на Накшие Рамадани

4

Четири годишната Блерина се обидува да ја смири нејзината мајка. Иако е многу мала, таа ја чувствува болката на мајка си.

Накшие Рамадани е разведена од нејзиниот маж, веќе пет години живее сама со нејзината мала ќерка Блерина. Лошите економски услови се причините  поради  кои  ова семејство ризикува да остане на улица.

За да заштедат електрична енергија, не ги пуштаат грејните тела,  се покриваат со ќебиња, бидејќи немаат пари за да ги платат сметките за струја.

Станот во кој се сместени веќе три месеци, го најмиле под кирија, досега киријата за станот им ја платиле луѓе кои сакале да им помогнат. Но, за последниот месец тие се уште не ја платиле киријата и велат дека не знаат што ќе се случи бидејќи тие немаат пари.

Секој што сака а помогне може да ги контактира по телефон : 072669897

Преземено

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење