Апел за помош на Менка Шибакоска

7

Преземено од 24vesti.mk

Во дебрчко Ново Село без струја и вода, во речиси руинирана куќа без храна и со 1500 денари социјална помош во тешки маки поминува животот на  61 годишната Менка Шибакоска. Таа живее на милоста на неколкуте комшии во селото кои знаат да и подадат парче леб, но поголем дел од деновите ги поминува во глад. Сепак најголем проблем и е струјата која поради неплатен долг и ја исклучиле пред два месеци. Оттогаш живее во темница, нема ни свеќи затоа што нема пари да ги купи.

Како што наближува зимата, стравот кај Менка станува се поголем од причина што откако ќе падне снег селото во кое има едвај 10-ина жители е целосно парализирано, а без храна струја и вода не знае како ќе може да преживее. Затоа испраќа апел до хуманите граѓани  да и помогнат барем да и се приклучи струја за да може колку толку да функционира нормално. Потребно е плаќање на долг од 18 000 денари за да се приклучи струја. Исто така, потребни и се дрва, фрижидер, телевизор и секако, храна…

Да помогнеме!

Телефонски број за контакт: 078/610-341 – Менка

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење