Апел за помош на Матеј Стоилов

0

Матеј Стоилов е лице со повеке видови на пречки во развојот. Лице со умерен ментален хендикеп, со кофециент на интелегенција 49, и лице со аутизам. Лице со мизијална темпорална склероза, како и епилепсија со кое нашето дете Матеј Стоилов има многу оштетување на мозочето на левата страна, кое се проширило и на десната страна.

Воедно, Ви објаснуваме дека на Матеј Стоилов сеуште не можеме да му ја утврдиме точната дијагоноза. Затоа, се трудиме и мачиме да ја дознаеме дијагонозата, за утре нашето дете да може да застане на здрави нозе и здрав разум, после нас.

Лековите кои ги добива Матеј се од надвор од државата, и се доста скапи. Ние како семејство сме сиромашни и невработени, и ги немаме потребните средства за понатамошното лекување на нашето дете. Истите не’ чинат 250 евра на месечно ниво, а дополнително е потребно и плаќање на логопед, дефектолог, правење на снимки, како и физикални терапии, и слично.

Моментално, повторно нашето дете треба да го однесеме во Турција (Истанбул) на понатамошно испитување при кое треба да направиме три снимки. Само трите снимки ќе не’ чинат 3,850 евра, а дополнително и прегледите и другите испитувања во зависност каде ќе не’ испратат за понатамошно испитување.

Телефонски број за донации: ВИП-ОНЕ – 143-484

Трансакциска сметка за донации: ‎‎

240 1671025375 13, Уни Банка,

за Матеј Стоилов

Од странство може да се донира на девизната сметка за донации:

IBAN>MK 07240167102537513 SWIFT:

UIBMMK 22

ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ДОВЕРБАТА КОН НАС, И ЗА ВАШАТА СКРОМНА ДОНАЦИЈА.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење