Апел за помош на Маја Каранфиловска

6

Маја Каранфиловска мора под итно да се подложи на итна операција (тотална абоменална хистерактомија) поради обилни крварења.
Интервенцијата треба да се изведе во приватната болница „Систина” и чини 136200 денари. Маја самостојно решава да оди во приватна болница. Семејството не е во можност да ја покрие сумата и апелира на нашата помош. Да помогнеме.

Потребни се 2000 евра!!! Да не дозволиме ова да биде причина за една мајка да не може да се оперира. Да ја покажеме хуманата страна и да донираме

Да ја покажеме нашата хуманост повторно на дело, и да донираме за Маја самохрана мајка на три малолетни деца. Ние можеме да помогнеме да ги преброди проблемите за да продолжи да живее и да се грижи за своите дечиња на кои им е единствена потпора.

На донацискиот број 070 143-117 за корисниците на телеком можете да донирате 100 денари и со тоа да и помогнеме на Маја.

Кај Маја е дијагностицирана аденомиоза и потребно е веднаш да се направи хистеректомија. Немајќи избор и чекајќи државно да се оперира, каде поради ситуацијата со корона вирусот се е стопирано, Маја одлучува да ја побара вашата помош и да се оперира приватно.

АПЕЛИРАМЕ на вашата хуманост, да се ставиме на местото на нејзините дечиња кои ја имаат само Маја и да направиме да имаат безгрижно детство.
Биди хуман, донирај и спаси живот!

 

 

Превземено од Фондација Телеком за Македонија и фб.

Донирајте брзо и едноставно од Вашите телефони преку мобилната апликација Донации за Android и IOS.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Томислав, на Одговори

    Објавувајте трансакциски сметки ве молам