Апел за помош на Љупчо Бојановиќ

9

Љупчо Бојановиќ, наставник по професија, 58 год. од с. Звегор – Делчево, боледува од ALS- “Амиотрофична Латерална Склероза”, позната како “Болест на Лу Гериг” или “Болест на Стивен Хокинг”. Болеста е летална со прогресивна парализа до тотална загуба на секакви движечки функции и на крај парализа на дишната мускулатура – причината за летален исход кај заболените. Сеуште нема откриено лек за ова заболување. Потребни се средства за третман со матични клетки, процедура која го забавува прогресот на заболувањето и одложување на целосната парализа, со што би му се овозможило на Љупчо достоинствен пензионерски живот и самостојно обавување на најосновните секојдневни обврски. Медицинската процедура изнесува 25.000 евра и ќе биде извршена во Москва – Русија, доколку бидат соберени средствата. Благодарност до сите хумани луѓе, кои би одвоиле за да допринесат за овозможување на ова лекување.

„Добриот наставник е како свеќа – се троши самиот себе за да го осветли патот на другите.“

Да му вратиме на добриот човек со добро.

Телефонски број за донации преку мрежата на A1(ВИП): 143-462,

Жиро сметка: IBAN: MK07240167002098087MKD BIC/SWIFT: UIBMMK22 Унибанка, Љупчо Бојановиќ;

Можете да донирате и преку следниот линк: https://www.gofundme.com/f/werde-lebensretter-bei-als?fbclid=IwAR2-TtFmNRfAuN0NTqCWYLat2Y_-xRnbpsImI7M6PEJ_p35S440RX6ELiCc

 

Донирајте брзо и едноставно од Вашите телефони преку мобилната апликација Донации за Android и IOS.

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење