Апел за помош на Лидија Крстеска

2

Лидија Крстеска има атрофија на мускулите и слабост во целиот карличен појас поради што е потребно итно да замине на терапија во Германија.

И покрај сите досегашни напори, многуте хируршки интервенции во детството и постојан режим на терапии, работите за Лидија не се решија. Имено, сегашната состојба е комплексна и е резултат на хипотрофија на мускулатурата на карлицата, десниот колк и надколеница, кои придонесуваат за влошување на сколиозата, лезија од среден степен на дел од дисковите во долниот дел на ‘рбетот, и неможност на нервот да ги пренесува информациите до ногата. Ваквата состојба го прави секојдневието болно и невозможно. За да не дојде до понатамошно оштетување и влошување на состојбата, потребна е 6-неделна терапија во Германија, за која се потребни 7.500 евра.

Ве замолувам, доколу сте во можност, да придонесете за побрзо да се соберат овие средтсва.

За донации од надвор од МК:
IBAN Code: MK07210501655977162
SWIFT: TUTNMK22
Description of payment: donation for medical treatment

Донации и на телефонските броеви:
070 143-153 за корисници на Телеком
143-477 за корисници на Оне.Вип

 

Превземено од фб, Оне.Вип и Фондација Телеком

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење