Апел за помош на Крсте Величковски

5

Би сакале да ја споделиме тажната приказна на седумгодишниот Крсте, кој со своите родители се на улица без сопствен дом. Претходно живееле под кирија, а во последно време ги прибираат добри луѓе на определено време. Сега се сместени во две собички, заедно со сиромашни баба и дедо, кои го отворија својот дом за следните месец дена. Во пресрет на зимата, ова семејство повторно ќе остане на улица.

За да трагедијата биде уште поголема, малиот Крсте има болест на коските од колковите. Од тригодишна возраст е со оштетување на левиот колк. Сега му е востановено и оштетување на главата од десниот фемур (дијагноза М91.8), со голем ризик на оштетување на цел десен колк. Има неразвиено коскено јадро со променета положба на двата колкови.Се движи со штаки многу ретко и со отежнување. Сега е на диета и со посебен режим на исхрана.

Потребно е да оди на лекување во Германија каде што треба и да се оперира. Семејството добило бесплатно лекување, но немаат средства за пат до таму и назад за Крсте и неговата мајка и за престојот таму за храна. Отприлика до 1.000 евра би завршиле работа.

Доколку сте доволно поттикнати да му помогнете на ова семејство, тоа можете да го сторите со донирање на сметката на мајката:
Анита Величковска
240147107047432
УНИ БАНКА

Однапред ви благодариме за вашата хуманост на дело.

Превземено од Вистински дела на љубезност

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење