Апел за помош на Киро Пасков

7

Киро Пасков е на самиот раб на егзистенција, итно му се потребни финансиска и медицинска помош. Условите во кои живее придонесуваат за влошување на неговата здравствена состојба. Државните институции и социјалните служби сè уште немаат слух за лицата како Киро, кои, за жал, ги има во голем број во Република Македонија.

Околностите во кои тој живее наликуваат на оние од 18 век. Без струја, вода и храна. Пасков може да стане лесен плен на дивите ѕверови. Глутницата волци, вели тој, доаѓаат во вечерните часови кога слободно се движат во незаштитениот двор, кој со време станал дувло на планинските животни. Сонот на овој изнемоштен човек трае доста кратко, волчјото завивање и студот што влегува низ многубројните дупки на куќата го одржуваат Киро буден до раните утрински часови.

Пасков е неспособен за работа и со оглед на тоа, не е во можност да си обезбеди подобри услови за живот. Оставен на милост и немилост, заборавен од општеството, гладува со денови, a малата планинска река, како вистински човек од дивината, ја користи за пиење и одржување лична хигиена.

Да помогнеме !!

Сите хумани граѓани кои би сакале да помогнат нека стапат во контакт со Виктор  077 707 191

Преземено http://a1on.mk

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Zora joeska, на Одговори

    Za zal za vakvite postari i iznemosteni lugje koi se zaboraveni po selata niz Mak kade je nasata vlada na republika Mak i dali voopsto ovaj covek ima nekakva familija ve molam za informacija za adresa od ovaj covek kade zivee vo Mak

  2. Објавено од Билјана, на Одговори

    Што да се рече на вакво нешто!! Брука и срамота за владата!! Заев постила црвен тепих во нива, додека луѓето умираат од глад!! А исто и срамота е за секој што може да помогне а не сака!! Друго. Како можеме да веруваме дека помошта ќе достигне до овој човек? Може ли некој да даде гаранција?!