Апел за помош на Јасмина Ризова и нејзините деца

3

Јасмина и нејзините дечиња чекаат на нашата помош!

Таа е мајка на пет малолетни дечиња и семејството не само што не живее соодветно, туку едвај преживува.

Откако пред неколку години останува без своите родители, останува и без секаква помош, оставена сама на себе и на ниската социјална помош која ја прима. Се обидува чесно да го заработи својот и лебот за децата, но со потребата да се грижи за нив, тоа не е успешно.

И како врзувањето крај со крај да не е доволна мака, згора на тоа дијагностициран и е тумот на јајникот.

Бидејќи немаат ни за основни работи за преживување, а уште помалку за да платат режиски трошоци, принудени се да живеат во несоодветни услови каде од неодамна нема дури ни струја, па поголем дел од времето го поминуваат кај соседите.

Да го вратиме семејството дома и да им обезбедиме основни средства за живот.

Да донираме на сметка
270-7000309741.83
Халк банка АД Скопје
Јасмина Ризова
цел на дознака: ДОНАЦИЈА

Превземено од фб

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење