Апел за помош на Драгица

6

Преземено од фб.

„Драгица има 22 години и има церебрална парализа, а ситуацијата да е уште пострашна и помалото братче , 13 години, се роди со истата дијагноза и е во уште полоша ситуација затоа што покрај тоа има и епилептични напади. Драгица е толку бистра, интелигентна и желна за ЖИВОТ. Сама научи да чита, пишува , работи со телефон… не можеш да останеш рамнодушен. Живеат од платата само на таткото. До нив стигнала информација за некои руски доктори кои доаѓале во Параќин – Србија. Таму веќе биле на преглед, а докторот им кажал дека може со операција да ги зајакнат само тетивите на екстремитетите, за да може на девојчето да и се исправат рацете и нозете ( затоа што сега и се многу свиткани…сигурно веќе и од возраста ) а и може со операцијата да и се пушти говорот. За тоа и побарале само 3.500 евра, а тие ни толку не можат да обезбедат.

Драгица ЖИВЕЕ САМО ЗА ДЕНОТ КОГА ЌЕ ПРОГОВОРИ. Хормоните нормално и работат, она веќе се заљубува и најмногу од Сè, САКА ДА ЖИВЕЕ.“

Да помогнеме!

Светлана Иванова
Девизна сметка
МК07210501658372674
TUTNMK22
НЛБ Тутунска Банка
Трансакциска сметка
210501658372674
НЛБ Тутунска Банка

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење