Апел за помош на Дневниот центар за деца на улица

3

Од 28.04.2017 – Дневен Центар за деца на улица – Шуто Оризари е сместен во просториите на амбулантата во Шуто Оризари.
Привремен простор имаат, ама реквизити за нормален тек на активностите во Центарот – нема.
Во изминатиов период, компaнии, фондации, граѓани прашуваа на кој начин можат да го поддржат Центарот.

Во прилог е се она што во моментов е неопходно.
За доставување на предметите и за дополнителни информации можете да ја контактирате координаторката Ирена Велкоска, на тел: 071 227 663.

Потребно е:
– 7 мали масички, (округли), со 30 мали столчиња
– 3 големи клуб маси со 35 големи дрвени столици
– двокрилни шкафчиња (180х100цм)
– бокал за греење вода х 2
– училишни табли х 2
– вц – школка
– хигиенски средства.

Да им овозможиме на децата подобри услови.

Превземено од фб

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење