Апел за помош на дедо Вангел

6

Вангел Јовановски од Битола, 72 годишен, живее потполно сам, нема жена ни деца. Живее во крајно тешки и загрижувачки лоши услови. Неговата стара куќа е скоро разрушена и може да падне во секој момент. Преспива во една мала предна просторија бидејки само таму има здрав кров. Нема купатило и веке долг период нема каде да се искапи. Едвај успева да се прехрани, но не и да направи неопходна минимална санација на неговатра разрушена куќа.
Се молат сите добронамерни и хумани луѓе да помогнат со парични средства или градежни материјали за Вангел да може да направи мали санации на куќата и да си направи купатило, така што ке има мирен сон без страв дека истата ке падни додека спие и ке можи да си ја одржава неопходната хигиена.
ДА ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ…

Вангел Јовановски
ЕМБГ 1001946410012
Ж-ска 500800003657275
Стопанска Банка АД Битола
Контакт: Хуманитарна Организација УТЕШИТЕЛ

Повеќе информации: Хуманитарна организација „Утешител“

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење