Апел за помош на Дарио Павлов

6

Семејството Павлови од Кочани ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да донираат за помош на 14-годишниот Дарио чиј живот одеднаш се сменил со дијагностицирањето на болеста енцефалитис – трансферзален миелитис, која направила компликација и предизвикала воспаление на рбетниот мозок.

Тоа пак, предизвикало целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува секојдневно.

За да се намали воспалението, Павлов треба да добие третман со матични клетки во Грција кој што чини многу повеќе средства отколку што може да обезбеди неговото семејство.

Секоја донирана сума е добредојдена бидејќи третманот треба да започне во септември и ќе биде од голема корист за него и неговото семејство.

Да донираме на 070 143-105 за корисници на Телеком и 143-461 за корисници на ВИП

Затоа семејството Павлови ги моли сите хумани граѓани колку се во можност да му помогнат на Дарио да ги собере потребните средства за лекувањето кое треба да му овозможи нормално да се движи и среќен да го продолжи детството.

Можете да донирате преку следниот линк: https://www.paypal.com/donate/?token=I1EwXPjIjBshhYOg4CTfBRL5EvXl0-tM__gyWT52656ki5UsK_rVGquavDvtmoUDnD3ubm&country.x=US&locale.x=US

 

Преземено од alalives.com/mk/, Телеком и ВИП

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Александар, на Одговори

    Жиро сметка ?

  2. Објавено од Ljubica Tasevska, на Одговори

    Zdravo, dali mozam da dobijam kontakt od roditelite na Dario? Jas se javuvam vo ime na IX/a oddelenie od OOU. Vanco Kitanov- Pehcevo, moja e cesta da kazam deka za nepoln mesec vo naseto uciliste ke organizirame humanitarna zabava, od koja parite sto ke se soberat ke bidat donirani za negovata operacija. Nema da bide nekoja ogromna suma na pari, no sepak nesto ke pomogne.
    Ako nekoj ima kontakt od roditelite neka mi pise na fb: Ljubica Tasevska.
    Blagodaram. 🙂