Апел за помош на Данче Зафирова

5

Данче е студентка од нашиот крај, отидена во Америка преку “Work and Travel” која на 27-ми Јуни доживеа тешка несреќа.

Таа била погодена од автомобил додека одела на тротоар во источен Фалмут, М.А. Откако била транспортирана во болницата во Фалмут, веднаш е пренесена со хеликоптер во болница во Роуд Ајленд – единица за интензивна нега… Од коматозна состојба со трауматски повреди на главта и карлични фрактури започнува полека, полека да се опоравува но тоа е долг процес на опоравување.

Таа сè уште има долг пат за обновување и нејзините родители нема да можат да останат во Америка долго време. Данче е родена и израсната во Македонија и ние би сакале таа да може да се врати дома за да го започне следното поглавје од нејзиниот процес на лекување и терапија. Ние, како и нејзиното семејство, веруваме дека тоа ќе биде многу охрабрувачки за неа да има поддршка од сите пријатели и семејство што се наоколу.

И требаме на Данче и нејзиното семејство!

Ги замолуваме сите оние од кај нас и од дијаспората да помогнат, за Данче повторно да може да му се радува на животот!

Жиро сметка за донации:
210-5016888493-95MKD
Тутунска банка
Катерина Зафирова

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ДОНИРАТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ

Превземено: http://pogled.mk/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

2 коментари

  1. Објавено од Daniel, на Одговори

    Dajte devizna smetka

  2. Објавено од jasminaap, на Одговори

    Во моментот немаме информација за девизна сметка, но можете да гласате online на следниот линк https://www.gofundme.com/sr5vm-danches-traumatic-head-injury-fund.