Апел за помош на Билјана Пешевска

12

Преземено од aberdzija.com

Билјана Пешевска на 22 април ќе наполни 9 години. Животот и беше идиличен, каков што е вообичаено на село. Со својот три години постар брат Лука поминуваа безгрижни детски денови, исполнети со радост и среќа. Во скромниот дом во кратовското село Трновац, во две мали сопчиња, без бања, живеат скромен живот, на работ на сиромаштија. Првиот шок го доживеаја кога нивната мајка ги напушти и ги остави да се снаоѓаат како знаат и умеат со болниот и делумно неспособен за работа татко, Даниел. Со социјална помош од 2.400 денари, без приходи од плата, се бореа со сиромаштијата, но беа среќни. Се до едно утро, на 29 јануари оваа година, кога малата Биле се разбуди со страшни главоболки и нагон за повраќање. Утредента Биле заминала на испитувања на скопските клиники, каде лекарите ја соопштиле најлошата вест. Биле боледува од МЕДУЛОБЛАСТОМ, односно малиген тумор на малиот мозок. На 3-ти февруари лекарскиот тим на детска хирургија извршил оперативен зафат, отстранувајќи го туморот со големина на помала мандарина. Следните неколку дена е следена состојбата на Биле и таа, во солидна состојба се врати пред неколку дена во својот дом.
Семејството Пешевски сега се соочува со големи финансиски проблеми затоа што нема средства за продолжување на терапијата која Биле во следните 6 недели треба  секојдневно да ја прима во Скопје. Ја чека радиотерапија и хемотерапија, но Биле не сака да остане цел месец во болнички кревет, а семејството нема пари за да патува секој ден на релација Скопје – Кратово. Досега потрошиле околу 30.000 денари, средства кои ги обезбедиле од најблиските роднини, пријатели и соседи. Допрва ги очекуваат уште поголеми трошоци, а таткото Даниел има нарушено здравје и нема како да ги заработи.
Малечката Биле неколкупати се расплака пред камерата, кажувајќи ја со растреперен глас својата најголема желба. На 22 април, кога ќе полни 9 години, да не пречека здрава и насмеана, а добрите луѓе да и помогнат да ја победи лошата болест. Со солзи во очите, едвај процеди дека сака лаптоп, на кој ќе може да ги игра омилените игрички и да комуницира со своите другарчиња.
Децата се невини суштества и заслужуваат да бидеме милосрдни кон нив. Сите што имаме барем грам човечност и хуманост во себе, можеме да уплатиме парична донација на трансакциската сметка на таткото Даниел. Сто, двеста или петстотини денари нема да не осиромашат, но ќе значат живот за малата Биле. Хуманоста во неограничени размери ја покажавме пред два месеци, кога се собраа десеттици илјади евра за лекување на Давид од Кратово, а ќе ја покажеме уште еднаш, кога на Биле и се потребни далеку помалку средства за да ја победи злокобната болест, душевната болка по мајка си, но и тешката сиромаштија со која се соочува.  Оливер Арсовски

 

Можете да донирате преку следната сметката за донации:
Даниел Пешевски
Сметка – 320 – 5000266219 – 22
Централно-кооперативна банка

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење