Апел за помош на бездомниците

18

Во овие претерано ладни зимски денови, преспивањето под отворено небо е невозможно, но за некои луѓе е наизглед единствено решение.

Затоа да бидеме “будни” и доколку забележиме бездомник кој е препуштен сам на себе, да го насочиме да оди да се пријави во некои од  пунктовите за бездомници.


ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Пункт за бездомници Момин поток Скопје

Контакт тел: 02 30 96 227; 070 261 787


ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

Пријавете на бесплатниот телефонски број 15505


ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на општина Центар-Скопје отвори преноќувалиште за бездомни лица коешто ќе функционира за време на екстремно ниските температури. Покрај преноќување, ќе овозможат и пакети со храна за вечера и за појадок и топли напитоци. Преноќувалиштето ќе работи од 16 часот попладне до 10 часот наутро.

Преноќувалишта се наоѓаат во просториите на ЈП Паркинзи на општина Центар на бул. Гоце Делчев 14, кај катната гаража помеѓу Кривичниот Суд и МРТВ.


 

Превземено од Вистински дела на љубезност, sdk.mk, ЈП ПОЦ,

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење