Апел за помош на Бертан од Велес

4

Преземено од kanal5.com.mk

Бертан 18 годишното момче од Велес, ја живее судбината секој ден во животот да се буди со мисла дали ќе имам да јадам, дали ќе заврне и водата ќе влезе во домот без врата и прозорци.

Пред 6 дена излегол од болница, имал тешка операција на срцето. Во неговиот дом разговорите за болестите на срце се почести отколку муабетите за храна. Неговата мајка починала од срцева мана, неговата сестра чека операција, а тој по операцијата треба да има живот без мирис на влага, без муви и редовна храна.

Во мачниот живот по цели четири години има потпора од неговиот татко кој се вратил од затвор. Претходно живеел од помошта на неговата тетка и од милостината на велешани му давале што имале. Бертан има и ментална ретардација не оди на училиште.

Неговиот татко по излегувањето од затвор во домот го пречекала беда и болест. Тој вели тоа што одлежав затвор не значи дека не треба да имам работа. Тој вели барам работа да ја средам куќата за децата. Неговата ќерка е во болница и чека операција на срце.

Во домот нема скоро ништо, по силниот синоќешен дожд од топлото време тука најбројни беа мувите и мислите како да се преживее до утре.

Да му помогнеме на ова прекрасно насмеано младо момче !!

Трансакциска сметка:
210-5016245302.47

За донации од странство:
Emin Huseinov
Blagoj Necev 19 Veles
IBAN Code MK07210501624530247

NLB Banka AD Skopje
Majka Tereza br 1, Makedonija
SWIFT: TUTNMK22

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење