Апел за помош на Антонио Антониевски

10

Преземено од skopje24.mk

Антонио има 17 години. Тој е роден со нефрокалциноза и тубуларна ацидоза, хронична бубрежна болест (бубрези кои не се развиваат добро и не растат со текот на времето). Сега се наоѓа на дијализа секој втор ден и итно му е потребна трансплантација на бубрег за кој се потребни од 35 до 50 илјади долари. Сите пари ќе бидат наменети за наоѓање на добра болница, испитувања, тестови и ординации, како и за сместување на Антонио и неговата мајка (доколку има потреба за лекување во друга држава).

 

Трансакциска сметка за донации:
210-7000006345-16

Наскоро ќе бидат отворени и телефонски линии за донација.

Антонио и неговото семејство се благодарни на секоја донација без разлика на цената.

Бидете хумани донирајте за Антонио!

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење