Апел за помош на Андријана Митревска

0
Ја знаете Ани Митревска чупето кое со насмевка 2 пати се избори со болеста на денешницата, но нејзината насмевка исчезна кога 3 пат ја слушна дијагнозата Dg. Ca mammae bill. cum MS ovarii bill; TU retroperitoneii.
Сега и треба наша помош за да го продолжи нејзиното лекување кое изнесува 1000 евра месечно за таблети кои не се достапни во Македонија и мора да ги порача од Турција. Бидејќи нејзината борба започна во 2016 година семејството е изложено на големи трошоци како што се операции, патувања Скопје – Битола и поради тоа не се во можност за купување на потребните лекарства. Но тука не завршува нивното патешествие бидејќи и татко и се соочува со истата болест и имаат дупли трошоци.
Ани, нејзините родители, и нејзините пријатели, Ве замолуваат да донирате колку сте во можност. Да и ја вратиме насмевката на 35 годишнита девојка.
Доколку сакате да донирате онлајн ова е линкот:
За донации на трансакциска сметка:
210-5016743410-08
Андријана Митревска
НЛБ банка
Телефонски број за донации:
077 143-465 (за корисниците на А1)
Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар