Апел за помош на Александар Петрески

6

Александар Петрески (23 години) во 2014 година имаше сообраќајна незгода во која се здоби со тешки повреди на главата и помина 14 денови во кома. После две ипол години се појавија компликации во неговото здравје и моментално Александар има проблеми со движењето. Потребни се дополнителни лекарски испитувања во Скопје. Александар живее со родителите во с. Обршани, Прилепско и често треба да патува во Скопје со придружба.

Родителите се невработени и ве замолуваат за помош за покривање на трошоци за лекарски испитувања и консултации.

 

Секоја помош е добредојдена.

 

Можете да донирате на следната трансакциска сметка:

Славица Петреска

210-5016880138-37

НЛБ Банка АД Скопје

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење