Апел за помош на 30 социјално-загрозени семејства од Скопје

11

На фотографијата можете да го видите она што се нарекува “дом” за едно од 30-те семејства, односно вкупно повеќе од 130 луѓе, меѓу кои и многу деца, кои живеат под отворено небо во Скопје, во близина на Кале.

Дополнително, обилните врнежи и поплавите го уништија и она малку што го имаа за едвај да го преживеат своето секојдневие поради што Организацијата Ајде Македонија ја насочи донираната облека собрана изминатиов месец во специјалниот контејнер во ДСУ „Наум Охридски“- Скопје кај 130-те загрозени граѓани под Кале.

Но помош е сеуште потребна. Потребни се средства за лична хигиена, ќебиња, душеци, јоргани, перници, пелени, детска храна, вода, коритца за перење/капење, како шампони и сапуни и прашаци за перење и други работи кои сте во можност. Исто така, Ајде Македонија апелира доколку има можност да им се обезбеди простор на кои ќе можат да се сместат привремено и да им бидат поставени шатори.

Сите Ваши донации може да ги донесете во просториите на Ајде Македонија на ул. Васил Ѓоргов 47б, на почетокот на ул. Рузвелтова во Капиштец. (поранешно Риверсофт). Пунктот е отворен од 09.00 до 21.00 часот. Број за контакт е 078 259 528.

Да им помогнеме на овие семејства и нивните дечиња полесно да ги поминат своите, и онака многу тешки, денови. Сите ние по малку, за нив тоа е навистина многу.

Преземено од Ајде Македонија

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење