Апел за помош Мери Тошевска

4

33- годишната битолчанка Мери Тошевска, болна од мултиплекс склероза, живее под кирија во стан во зграда на улицата Партизанска во Битола, каде нема пристапни рампи и лифт за да излезе надвор. Бидејќи тешко се движи, ако сака да вдише свеж воздух мора родителите со помош на соседите да ја кренат заедно со инвалидската количка и да ја пренесат преку единаесет скали. Станот пак, иако е двособен, има тесни одаи и таа одвај со количката се движи низ нив.

Поради нерешеното станбено прашање морала да прифати петнаесетгодишниот син, кој според Центарот за социјални работи требало да остане со неа, да биде даден на делумно издржување кај нејзиниот сопруг од кого се развела по споболувањето. Сепак, Центарот донел решение детето кога и да посака да може да биде со мајката. Но, во сегашните станбени услови таа не може ни него да му го пружи потребниот комодитет.

Мери во повеќе наврати барала социјален стан од државата, за да не заспива со страв дека следниот месец сопственикот ќе ги остави на улица, да го опреми по своите потреби и конечно да живее заедно со петнаесетгодишниот син.

Во голготата што ја минува вели се движи сама, борејќи се, читајќи и толкувајќи закони. Ни една институција  самата не ѝ се понудила да и помогне, да ѝ каже што ѝ следува.

Да помогнеме нејзиниот апел да стигне до оние кои би можеле да и помогнат.

Телефон за контакт:  077-676-111

Трансакциска сметка за донации

210700000644798 Мери Тошевска НЛБ Тутунска Банка

СПОДЕЛЕТЕ !!

Извор Сакам да кажам 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење