Апел за помош на Кристијан Тодороски

1

Кристијан има 13 години. Тој и неговата мајка која е самохрана, имаат една желба да успеат да ги соберат потребните средства за операцијата која треба да се изврши на десното око на 13ти овој месец во Србија. Има само 13 години и животот и детството е пред него, но за тоа потребно е да се избори за видот на едното око. На левото око има 100% слепило, борбата која ја водат е да се зачува видот на десното око.

Првата операција треба да се изврши на 13ти овој месец, а втората операција во месец јануари. Итноста не дозволува одложување на терминот, зошто постои ризик да се изгуби во целост видот, што за Кристијан би значело целосно слепило на двете очи.

Но за да успее Кристијан во оваа борба и за да успее да се сочува видот потребни се 1.500 евра, пари кои неговата мајка и семејство не се во состојба да ги обезбедат.

Телефонски број за донации: 070 143-177  за корисници на Телеком

Жиро сметки:
SWIFT: STOBMK2X
IBAN: MK07200003225700072 za Kristijan Todoroski Tuco
И жиро сметка на Стопанска банка
200003225697647 на име Александра Туцо

Преземено од фб и Фондација Телеком за Македонија

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење