Првите 5 најважни на свет-кампања на Уницеф и Фондација Т-Мобиле

3

Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) стартуваат со кампањата „Првите 5 се најважни на свет“. Целта на кампањата е да ја промовира важноста на развојот во раното детство и да мобилизира поддршка за отворање нови центри за ран детски развој.
Станува збор за национална кампања, со која треба да се поттикне поддршка од повеќе чинители – општини, приватни компании и поединци – за да се обезбеди пристап до квалитетни програми за ран детски развој за што повеќе деца.
На почетокот од годината, во рамките на партнерството со УНИЦЕФ, Фондацијата Т-Мобиле за Македонија донираше 50,000 УСД за отворање дополнителни центри за ран детски развој. Од овие средства ќе бидат отворени 8 центри, од кои 5 ќе бидат активни во јануари 2014 година. Центрите ќе се отворат во: Јаргулица (Радовиш), Селце (Тетово), Десово (Долнени), Злеово (Радовиш) и Долно Лисиче (Аеродром).

Сите граѓани можат да придонесат, со донација на бројот 143 555 од сите три мобилни оператори.

Кампањата беше изработена со поддршка од следните компании кои го донираа своето време и услуги: Publicis; Nextsense, danu.biz; Httpool; медиуми: МРТВ; Алфа ТВ, Алсат ТВ, Сител ТВ; Телма ТВ, Media Print Macedonia, Коха; портали: time.mk, crnobelo.mk; kajgana.mk; femina.mk; поединци: Кристијан Ристевски; Небојша Гелевски.
За да дознаете повеќе за кампањата „Првите 5 се најважни на свет“ посетете ја веб страната www.prvite5.mk. Исто така следете ја кампањата на www.facebook.com/pvite5.mk иhttps://twitter.com/prvite5 за да бидете во тек со резултатите од активностите.
Дополнителни информации:
Центрите за ран детски развој кои ќе бидат отворени во рамките на иницијативата ќе работат според претходно тестиран модел на УНИЦЕФ. Центрите за ран детски развој кои и формално се регулирани во Законот за детска заштита претставуваат најисплатива алтернатива на градинките. Најдобро одговараат на потребите на заедниците кои немаат градинки како што се селските и маргинализираните средини. Децата посетуваат организирани програми за учење неколку часа во денот, а родителите учествуваат во едукативни програми за подобро работење со децата дома. Програмата според која работат центрите се заснова на Стандардите за рано учење и развој кои беа изготвени со поддршка од УНИЦЕФ.

Сите центри ќе се отворат во партнерство со општините кои обезбедуваат физички простор (зграда) за центарот. Со сите пари што ќе се соберат преку оваа иницијатива ќе раководи УНИЦЕФ за да ги покрие трошоците за мали поправки и адаптација на просторот , за снабдување на центарот со мебел, играчки, едукативен материјал и дидактички материјал, како и за изготвување материјал за родителите и обука на едукаторите во спроведувањето на најсовремените методи од областа на раниот детски развој.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: