Новогодишни честитки од Платформата за активизам „Лице в лице“

5

Информацијата е превземена од Платформата за активизам ЛИЦЕ В ЛИЦЕ

 

“Честитајте ја новата 2015 година со честитките на „Лице в лице“. 

Платформата за активизам „Лице в лице“, во чии рамки излегува и истоименото улично списание и годинава покани познати македонски креативци, чии дела се најдоа на новогодишните честитки.

Ване Костуранов, Зоран Инадески и Иван Петрушевски – Флим се вклучија во поддршката на „Лице в лице“, а дел од нивните слики и илустрации публиката и читателите на уличното списание ќе можат да ги купат за време на новогодишните празници. 

„Лице в лице“ верува дека ова е начин за да ги прескокнете формалните електронски честитки и да ги замените со топла, искрена и пријателска порака, за среќна нова година.

Сите честитки се преклопуваат и се со плик. Чинат 50 денари и може да ги порачате на мејлот info@cma.mk, или на телефонските броеви 02/2466 444, 076 22 07 04.

Собраните средства ќе бидат наменети за едукативната програма во која редовно се вклучени продавачите на „Лице в лице“.

Доколку купите честитка од продавач на улица, пак, половина од продажната цена е наменета како негова/нејзина директна поддршка (истиот принцип како и со списанието).”

Линк и до веста на нивниотт сајт http://goo.gl/SKhFdv
🙂

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: