НOВOГOДИШНИ ЧЕСТИТКИ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВO СВЕТOТ МЕЃАШИ

1

Со купувањето на честитките помагате во спроведувањето на активностите на една домашна граѓанска организација која зад себе има богата историја. Детската амбасада Меѓаши веќе 23 години е посветена на поддршка на најнемоќните – децата жртви на војни, деца кои се злоупотребувани, занемарени, оставени сами на себе… Помогнавме на илјадници деца а сето тоа не ќе беше можно без поддршката од многубројни поединци, компании, институции…
Им се заблагодаруваме на сите досегашни и идни поддржувачи.


Честитките со мотив 1,2,4, и 5 се со димензии 20 x 10 cm преклопени или 20 x 20 cm отворени , а мотивите 3,6,7,8,9,10 и 11 се со димензии 16,5 x 11,8 cm преклопени или 16,5 x 23,6 cm отворени. Овогодинешните честитки (м1, м2, м3, м4, м5) се со цена од 35, 00 денари со вклучен плик, а мотивите 6, 7, 8, 9, 10 и 11 кои се минатогодишни и се во ограничени количини, се со цена од 20, 00 денари со вклучен плик. Во цената на честитките не е вклучен ДДВ, бидејќи Првата детска амбасада не е даночен обврзник. Внатрешноста на истите е празна, со можност за дополнително печатење на сопствена порака или лого. Доколку порачката е над 100 парчиња, цената на дополнителното печатење е 9, 00 денари во црно-бело и 11, 00 денари во боја. Доколку порачката е поголема од 200 парчиња за градот Скопје доставувањето го вршиме ние до Вашата адреса, без Ваш надомест. Со секое допечатување на честитка донирате дополнителни 3 денари.

НOВOГOДИШНИ ЧЕСТИТКИ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВO СВЕТOТ МЕЃАШИ Со купувањето на честитките помагате во спроведувањето …

Posted by Меѓаши Megjashi on Monday, November 16, 2015

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: