Кампања за донирање органи : „Кога животот ќе заврши- подари живот“

1

„Кога животот ќе заврши подари живот“

Со 10 илјади постери и околу 100 илјади флаери, тимови од Лекарската комора на Македонија и невладината организација Мактрансплант започнаа акција за укажување на важноста од таканаречената Кадаверична трансплантација.

Според Законот за донирање органи, освен од жив дарител, како донор на органи може да се јави и лице кое се наоѓа во клиничка смрт. Состојба кога не постои срцева или мозочна активност.

„Кадаверична трансплантација е земање органи за пресадување од лице на кое му завршува животот. Смртта се потврдува од професионален лекарски тим кој утврдува престанок на работата на срцето или смрт на мозочните клетки. Постои одреден период кога може од овие лица да се извадат органите и да се искористат за трансплантација. Кај нас се прави  трансплантација од живи луѓе, односно здрави, а оваа можност сè уште не е започната, но е многу значајна за да се спаси живот“, изјави Ирфан Ахмети, клиника за ендокринологија.

Законот предвидува сите државјани на Република Македонија да бидат  потенцијални донори, односно штом апаратите за дијагностика докажат отсуство на мозочна активност, здравите органи на пациентот да се искористат за пресадување кај лица кои имаат потреба од нив. Семејството на болниот ќе има право да донесе сопствена одлука.

„Штом нема циркулација има мртва кора, мртов мозок. Само прашање е на време, час или ден-два кога ќе настапи и потполна смрт. Семејствата треба да знаат дека мозочната смрт на нивниот близок е исто што и смрт. Во Македонија има многу современ Закон за трансплантација на органи. Последната измена и дополнување овозможува да се користат органите од кадаверични донори доколку не постоело противење за истиот акт“, рече Кочо Чакалароски, претседател на лекарска комора.

За трансплантација најчесто се користат бубрезите, црниот дроб, панкреасот, белите дробови, срцето и коскената срцевина. Во Македонија засега годишно се прават педесетина трансплантации на бубрези и тоа како донор се јавува некој близок роднина на пациентот. Кај деца се трансплантира и црн дроб, исто така од роднина. Според експертите, кадаверичната трансплантација е голема можност, која засега останува неискористена.

 

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: