Кампања на Црвениот Крст по повод денот на Гладта (16-22 октомври)

2

Донирајте храна на некој гладен околу вас или приклучете се на кампањата за „Ден на гладта“

во периодот од 16 – 22 октомври

на мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400

и на жиро сметката на Фондот на солидарност 370011100019943, Еуростандард Банка, Црвен крст на град Скопје.

За сите оние луѓе кои ги немаат основните услови за живот…

За оние за кои Храната е недостиг.

Затоа што сите сме ЛУЃЕ, и сите имаме ЕДНАКВО ПРАВО за добар живот!

**Светскиот ден на храната се празнува секоја година на 16 октомври, во чест на основањето на Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации во 1945. Црвениот крст на Македонија од денеска до 22 октомври спроведува кампања по повод Денот на борба против гладта, во која граѓаните може да донираат храна или парична помош на мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400 и на жиро сметката на Фондот на солидарност 370011100019943, Еуростандард Банка, Црвен крст на град Скопје.

Погледнете го и видеото на Новинарот и видеоавтор Јордан Дуков една година од прозорецот на својот дом фотографирал луѓе кои ги пребаруваат блиските контејнери во надеж дека во нив ќе пронајдат храна. Според авторот, видеото е изработено волонтерски, за денеска, на Светскиот ден на храната, овие потресни слики да потсетат дека постојат многу луѓе за кои храната претставува тешко достапен луксуз. Монтажата е на Доријан Миловановиќ, а музиката е на Драган Гоцевски.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: