Кампања Едно капаче-Една надеж

4

“Едно капаче – Една надеж” е хуманитарно еколошка акција чија главна и единствена цел е да се собираат што е можно повеќе пластични капачиња.

Капачињата се испраќаат во Турција каде се рециклираат и за количина од 250 килограми се добива една инвалидска количка која ја донираме на семејство кое има потреба од истата, а нема финансиска можност самостојно да ја обезбеди.

Акцијата е започната од страна на Македонска Медицинска Студентска Асоцијација – ММСА.

Локации кои моментално имаат поставено пунктови низ Македонија:

СКОПЈЕ:
-Македонска Медицинска Студентска Асоцијација – Центар
Ул. Мајка Тереза бр.31
– Туристичка Агенција “Атлантик Турс” – Центар
Ул. Стале Попов бр. 9 – www.atlantikturs.com
– Музичко училиште “Enterprise” – Капиштец
(Пунктот ќе работи секоја сабота од 11-18 часот.) – https://www.facebook.com/Music.School.Enterprise/
– Per Te Street Restаurant – Центар
https://www.facebook.com/per.te.355/?fref=ts
– Основно училиште “Невена Георгиевa” – Кисела Вода
– Основно училиште “Кузман Шапкарев” – Драчево

КАВАДАРЦИ:
– Туристичка Агенција “Атлантик Турс”
ул. Илинденска бб
– Младински центар “Креактив”
– Pub Blue
https://www.facebook.com/pubblue.kavadarci?fref=ts
– Детска градинка “Рада Поцева”

Преземено од фб

Ве молиме сите кои сте заинтересирани да помогнете при реализација на оваа акција да им напишете во инбокс на групата Едно капаче една надеж.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Jadranka Klisarova, на Одговори

    Odlicna ideja. Naseto semejstvo ima sobrano kapacinja edna polna kesa. Se dosega ne znaevme kade da gi donirame. Sega so sigurnost ke gi dostavime i ke prodolzime da sobirame kapacinja.
    Vi blagodarime na ubavata ideja.
    Pozdrav

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: