#јануарскипредизвик -ПРЕДИЗВИКУВАМЕ НА ХУМАНОСТ

14

Драги наши.

Повторно ве предизвикуваме на ХУМАНОСТ. Затоа што хуманоста не е моментален тренд, туку постојана потреба.

Предизвикани од многуте луѓе кои овој период не замолуваат сите нас , сите вас,  да помогнеме, ве предизвикуваме на нова доза хуманост.

Едноставно е,  Донирајте 100 денари , за нечие лекување, а  потоа номинирајте тројца од вашите пријатели со таг на Фејсбук, да го сторат истото , и  додадете #јануарскипредизвик.  Кругот лесно ќе се прошири, а парите што ќе се собираат некому ќе помогнат.

Со секој повик донирате 100 денари за спас на нечиј живот. Дали има подобар начин да се потрошат 100 денари?

Еве за кого се може да се донира:

*** Малечката Јована Jанковиќ која има шест години мора итно да замине на преглед во педијатарска клиника во Љубљана.Со дијагноза епилептична енцефалопатија, состојбата на Јована е видно влошена и добива чести неочекувани епилептични напади.

Потребни се 3000 евра за пат и сместување како и за прегледите и испитувањата на педијатарската клиника.

 Телефонски број за донации од ВИП 077/ 143-177

Телефонски број за донации од Т Мобиле 070/ 143-123

 

*** Мартина Стојковска е 12 годишно девојче од Струмица кај која е откриена „сколиоза“ и е потребна хирушка интервенција во Турција,  односно операција на р’бетниот мозок, која чини близу 40.000 евра.

Телефонски број за донации од ОНЕ на: 075/076 143-150 Телефонски број за донации од ВИП на: 077/ 143-144. Телефонски број за донации од Т-Мобиле на: 070/ 143-121

 

***Марга Велеска е 27-годишна девојка која боледува од церебрална парализа. За да се подобри нејзината здравствена состојба потребен е третман со матични клетки кој чини 21.000 евра. 

Телефонски број за донации на Т-Мобиле Операторот 070143114

Телефонски број за донации на ВИП Операторот 077143077

***Давид Домазетовски е 5 – годишно детенце од Битола кое на 22.12.2014 беше хоспитализирано во Клиничката болница Аџибадем Систина во Скопје.Давид се наоѓа на одделот за неврохирургија и има тумор на мозокот, поточно изразен Hidrocefalus со голем тумор medulloblastoma ventr. IV. Hydrocephalus int.На детенцето му се извршени две хирушки интервенции и неговата хоспитализација мора да продолжи додека е неопходно!

Телефонски број за донации од ОНЕ: 075/143-502 Телефонски број за донации од ВИП: 077/143 778

Телефонски број за донации од Т-Мобиле : 070/143163

 

***Сања Ѓорѓиоска имаше тешка сообракајка, која резултира со повреди опасни по животот на Сања.

Под итно треба да изврши оперативен зафат на рбетниот столб во Систина, кој чини 28000 евра,сума која без наша помош не може да се обезбеди.

Телефонски број за донации од Т Мобиле: 070/ 143-117

Телефонски број за донации од ОНЕ  : 075143750

Телефонски број за донации од ВИП :077143314

 ***Душанка Нашулова има малигна неоплазма на дебелото црево.По извршениот хируршки зафат, потребно е лекувањето да продолжи на клиниката за Онкологија во Скопје, но дел од лекарставата не се на позитивната листа, и Душанка мора сама да ги набави.Поради лошата здравствена состојба тие и се нужни и неопходни, но таа не може сама да ги набави.

Телефон за донација за ВИП корисиците: 077143155

Телефон за донација за Т-Мобиле корисниците: 070143132

***Иван Стојанов од Штип, има речиси копмлетен прекин на нервните патишта на р’бетниот мозок како последица од операција на циста на вратот. Има 24 години и неподвижен е, но современата медицина му нуди втора шанса за лекување во Кина.

Телефонски број за донации од Т Мобиле 070/ 143-155

Телефонски број за донации од ВИП 077/ 143-776

***Малечката Николина Митева има само 5 годинки а веќе води огромна битка-битка за нејзиниот живот! Таа боледува од B-Vorlaufer-All, Akute Lymphatishe Leukamie – напредна лимфастична леукемија. За да се спаси нејзиниот живот , таа мора да прима хемотерапија и други третмани во Германија, за што се потребни 120000 евра.

Семејството е веќе таму, но не можат да ја соберат потребната сума за лекувањето.

Телефонски број за донации од ВИП:  077/ 143 402

***Маја Митевска од Скопје, на само 20 година се соочува со 12 неделна хемотерапија.
Таа беше оперирана од карцином на јајник. Операцијата помина успешно, меѓутоа лекувањето не завршува тука. Маја моментално се наоѓа во Michigan каде што се спроведуваат терапиите.

Телефонски број за донации од T-moble -070143113

Телефонски број за донации од ONE- 075143401

Телефонски број за донации од VIP – 077-143-193

***Даниел Митков од Кочани настрада во сообраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди на р’бетниот столб и остана парализиран во долниот дел од телото.
По неопходниот медицински третман во Р.Македонија е потребен третман со матични клетки и рехабилитација за подобрување на неговата состојба во Р.Кина. Хируршкиот зафат и рехабилитацијата се закажани во WU Medical Centar во Пекинг, Кина, за кои се неопходни средства во висина од 25.000 евра.

Телефонски број за донации  T-Mobile : 070143112

***Да донираме за Јоце  Блажевск да замине побрзо на последното 7-мо лекување со матични клетки во Москва, после долгата пауза од 7 месеци што ја направи, поради недостиг на финансиски средства.

Телефонски број за донации од Вип: 077/143-610

Телефонски број за донации од Т-мобиле: 070 143 109

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: