Донаторски календар за 2016 година

5

“Конект, во соработка со ТЕА Модерна, по шести пат подарува Донаторски календар за 2016 година. Свесни дека малку издвоено време и средства можат да направат големи добри дела, предлагаме идеи за добри промени низ целата година. Споделувајќи предлози за донирање даваме поддршка и ја шириме каузата на граѓански организации и активисти кои работат за доброто на заедницата.

Придружи се на нашата акција, со тоа што ќе донираш, ќе ја споделиш месечната идеја што ја објавуваме на нашата фејсбук страница или ќе си го симнеш месечниот календар, како позадина на твојот екран за да ти користи како потсетник.

За симнување: едноставно кликни на линкот којшто ќе те одведе директно на сликата. Кај некои компјутери, на десниот клик на глувчето се појавува опцијата „користи ја сликата како позадина/ Use Image as Desktop Picture“. Во спротивно, зачувај ја сликата на твојот компјутер и промени ја позадината во подесувања (settings) на екранот.

За да ја користиш на твојот телефон: најлесен начин е веќе зачуваната слика да си ја испратиш преку електронска порака. Потоа отвори ја пораката на телефон и зачувај ја сликата. На крај постави ја како позадина.”

Превземено од Конект

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: