Да ги исполниме желбите на тешко болните деца преку Фондацијатa “Златна рипка”

8

Сите информации може да се добијат на  веб страна на Фондацијата “Златна Рипка” , http://www.zlatnaripka.mk/

Фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца “Златна Рипка”- Скопје е самостојна, доброволна, невладина и непрофитна организација. Целите и задачите на фондацијата се насочени кон збогатување на детското искуство со надеж, сила и радост.

Преку донирани финансиски средства од компании, граѓани и институции, тие ги остваруваат најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години. Сметаат дека остварувањето на нивните најголеми желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре.

Универзитетската клиника за детски болести ја поддржува оваа иницијатива и своевремено смета дека овие хуманитарни активности се многу важен сегмент од лекувањето на децата на одделот на Онкологија, бидејќи будат надеж и верба во подобро утре и полесно справување со деновите поминати на клиниката, а и во својот дом.

За да учествувате во исполнувањето на желбите на децата кои боледуваат од тешки болести, можете да донирате  100 денари на донациските броеви:

Т-мобиле:070/143-300;

ВИП:077/143-500;

OНЕ:075/143-800

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: