Да донираме печки за дрва за социјалните семејства

4

 

Комплетно превземен апел од Вистински Дела На Љубезност”кои ја водат акцијата.

Контакт со Тони од “Вистински Дела На Љубезност” на телефон: 078 263792

“На прагот сме на зимата и ниските температури. Се појави голема потреба за грејни тела, поточно печки на дрва, се со цел семејствата и поединците кои живеат во монтажни куќарки, привремени престојувалишта, напуштени објекти, да можат да ја преживеат зимата. 
Ги замолуваме сите добри, луѓе да погледнат во своите подруми, гаражи, шупи и шпајзови и доколку имаат заборавени печки, кои подолго време не ги користат, да не размислуваат ниту еден момент и да ги донираат на луѓето на кои им се повеќе од потребни.
Исто така, доколку сте во можност, можете да купите и донирате нови “ќумбиња за печење на пиперки”, истите се продаваат од 600-900 денари на пазарите. Верувајте, истите ќе завршат голема работа.
Ви стоиме на располагање за логистичка подршка.”

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: