Црвен Крст кампања по повод 16 Октомври – Meѓународен ден на гладта „Помислете и на нас“

2

Превземено од: фб.

Кампања по повод 16 Октомври – Meѓународен ден на гладта

Меѓународниот ден на гладта во светот се одбележува за да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со гладта и ги задоволуваат основните потреби. Меѓународниот ден на гладта има за цел да ги инспирира луѓето во развиените и земјите во развој да ја покажат својата солидарност и да дадат подршка за да овозможат уште многу луѓе да го надминат проблемот со гладта и сиромаштијата и да станат независни.
Црвен крст на Република Македонија по овој повод се вклучува во одбележувањето на 16 Октомври со организирање на кампања под мотото „Помислете и на нас“.
Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст на РМ дава придонес во севкупните напори кои ги презема Министерството за труд и социјална политика за намалување на сирмаштијата и социјалната исклученост на граѓаните, како една од главните цели на Стартегијата, документ кој ја отсликува интенцијата на Република Македонија за изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството.
Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со образовно – воспитните институции, граѓански здруженија, стопанските комори во Македонија, како и во соработка и поддршка на компании и граѓани. Овие активности ќе се имплементираат во текот на Неделата од 16 до 22 октомври 2015 година преку општинските организации на Црвен крст и Црвениот крст на град Скопје.

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливото население која ќе се дистрибуира преку општинските организации на Црвениот крст.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: