Акција “Солидарен оброк”

3

Акцијата „Солидаен оброк“ е покрената од неодамна кај нас со цел да им овозможи на сите оние кои имаат и сакаат да споделат оброк со оние кои не можат да го сторат тоа. Организацијата на акциајта кај нас е на Факултети.мк, од каде велат дека со ова се трудат да се обезбеди пристоен оброк за сите луѓе.
– Ги повикуваме сите сопственици на локали да се приклучат во оваа акција, а ние ќе поставиме постер за “Солидарен оброк” (постерот го обезбедуваме ние) на видно место на влезот на продавницата.Немате никакви други обврски . Секој локал ќе биде фотографиран а сопственикот може да даде изјава и на тој начин да го промовира својот локал и услугите кои ги нуди. Сопствениците на локалите кои ќе учествуваат во оваа акција добиваат: зголемување на прометот, публицитет и угледот на добронамерност – велат организаторите на акцијата кај нас.
„Факултети.мк“ пишуваат и дека иницијативата беше започната за време на Втората светска војна кога сиромашните немале пари за леб. Но, луѓето кои имале доволно за да се прехранат, ја започналле солидарната кампања со слоганот: “Одложениот леб”. “Одложен”, значи дека купувачот се согласува да плати двојно од цената на  лебот, а остатокот од парите се користат за “одложување” на страна и со тие пари на сиромашните да им се понуди бесплатно парче леб.
Неодамна оваа акција ја започна  Kioskpages  во Србија и за неполни 24 часа се прошири во Белград, Ниш, Суботица. Aкцијата во Србија се нарекува “Солидарна клопица“.
-Доколку сте сопственик на пекарница, сендвичара, ресторан или познавате некој кој е сопственик на вакви или слични локали, можете да ни испратите е-маил наnina.milos@smaartmobile.com или на info@fakulteti.mk – пишуваат организаторите.

„Факултети.мк“ ги постави и чекорите на соработка:

1. Собирање на информации за локалот и креирање на бесплатен веб-сајт на порталот www.kioskpages.com
2. Објавување на локалот на мапата “Солидарен оброк” на порталот www.kioskpages.com
3. Доставување на постери “Солидарен оброк” до локацијата на локалот
4. Истакнување на плакатот на видно место на излогот на локалот
5. Промоција во медиумите и на социјалните мрежи

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: