Жаклина Димовска: “Доволно е само едно мало добро дело од срце, нема да има болка и страдања и сите ке бидеме посреќни.”

7

“Јас сум Жаклина Димовска, мајката на Тамара Димовска.

Уште од самото раѓање на Тамара, ние како семејство се соочивме со суровата вистина дека нашето дете и ние  со него ке мора да се бориме со проблемот сколиоза, проблемот на пршленестите тела кои предизвикуваат искривување на рбетот.

Нашата борба трае 9 години, направивме две тешки операции, поминавме многу денови во болниците, многу физикални терапии и мораме секој ден да носиме ортопедско помагало кое е премогу специфично….И сето тоа безуспешно. Проблемот станува се поголем, моментално се бориме за операција во Хрватска…

Нашиот борец, Тамара, има 9 години. Од првиот нејзин ден се соочи со различноста и со суровоста на животот. Секој ден ми вели “Мамичко, извади ми го корсетот , ме боли…”. На нејзиниот 9 ти роденден си посака една огромна желба :”Сакам да оздравам, и сакам да бидам како сите останати деца, не сакам веќе болници, таму нема деца да си играм со нив”. Толку мала. а толку храбра. Детството го помина во болници. А тоа е и желбата на целото семејство.

Здравиот човек има многу желби, но болниот само една-да оздрави.

Би сакала да упатам еден совет до сите родители кои се соочуваат со ваква болка, да не се срамат, јавно нека кажат каков проблем имаат, нека го слушаат гласот на своето срце. Никогаш не се знае кој може да ви помогне, а најчесто помагаат непознати луѓе кои имале иста или слична болка и знаат како е. Плачете кога ви е теш ко, не е срамота, и ке ви олесни, никој нема да ве понижи. Проблемот полесно се решава кога ке се каже, но потребна е голема храброст и голема поддршка, а уште поголема е борбата за да се дојде до целта-ДА БИДЕШ ЗДРАВ! Здравјето е најскапоценото нешто, кое за жал го немаме сите.

Би сакала да изразам голема благодарност до сите хумани луѓе кои ни помогнале нам, а оние кои не ни помогнаа нам, нека помогнат на некое друго семејство. Некогаш е потребна само искрена прегратка за човек да се почувствува среќен. Доволно е само едно мало добро дело од срце, нема да има болка и страдања и сите ке бидеме посреќни.

Голем поздрав и од Тамара Димовска со Семејството ”

-Жаклина Димовска,

мајката на Тамара Димовска.

 

*Aпелот за помош објавен за Тамара Димовска

http://www.donacii.mk/baram-pomos/zavrseni-apeli/apel-za-pomosh-na-tamara-dimovska/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: