Тања и Игор Сибиноски: “Да бидеме ХУМАНИ, ХУМАНОСТА е доблест!!”

2

Се е полесно кога имаш со кого да споделиш, кога има кој да ти помогне!!

Голема благодарност од срце за сите хумани луѓе,пријатели, роднини,познаници кои ни помогнаа и сеуште ни пружаат било каква помош да го изодиме овој пат..пат кој што неможевме ни да замислиме колку тежок може да биде.

Мила се роди со голем Невус(Giant CMN) на левата страна од нејзиното лице,чело и скалп. Поминавме три операции,ни следат уште толку.

Три етапи,секоја од по две операции,првата е ставање на ткивни експандери,нивно полнење околу три месеци,па вадење и отстранување дел по дел од невусот..и така во недоглед.

Но со огромната помош и подршка што ја добиваме секојдневно се поблиску сме до остварување на целта..и Мила да има среќно и безгрижно детство..зарем сите деца не го залужуваат тоа?!

Сакаме да упатиме еден апел до сите луѓе да бидат хумани, да помогнат кога можат,таа помош на некој навистина ќе му биде добродојдена.

Да бидеме ХУМАНИ, ХУМАНОСТА е доблест!!

со почит

Тања и Игор Сибиноски, родители на Мила

*ЗАВРШЕНИОТ АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА МИЛА-http://www.donacii.mk/baram-pomos/zavrseni-apeli/apel-za-pomosh-na-mila-sibinovska/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: