Тања и Блашко Димковски: “Веруваме во добра мисла и добро дело и веруваме дека тоа не прави луѓе”

4

“Пат на Марс

Ние всушност тргнавме за Германија, мојот сопруг најде таму работа и требаше да имаме заедно со Нина и Дарин нов почеток, но…следниот ден стигнавме на Марс.  Да, да, друга планета ти е кога непознаваш никој околу тебе, ти зборуваат на јазик кој едвај го разбираш, а згора на се си во болница на интензивна нега каде лежи твое дете со апарати за дишење и во вештачка кома. Не само Марс, тоа е пекол. Ова е само една реченица од тоа што нас ни се случуваше, а за кое може да се напишат неколку тома.

Знам дека има и многу други луѓе кои се наоѓаат или ке се најдат во ни малку завидна ситуација. Знам дека помислувате дека кога ке подадете рака сте направиле добро дело и така е, впрочем тоа Ваше добро дело незнаете колку му значи на некој на кој во моментот му е толку потребно…многу многу пати повеке.  Секојдневно сме благодарни и помислуваме на сите оние кои се одкажале да купат некое кафе, оброк или многу многу повеќе и ни донирале нам. И не мислам само на пари, со секој збор, поддршка, порака ни беше дарувана сила и енергија да бидеме уште поистрајни. Денес и покрај тоа што за митохондријални болести,  во кои спаѓа нашата, не постои лек, се обидуваме да бидеме стабилни и да му се радуваме на денот, контактираме со луѓе како нас од цел свет со цел да споделиме искуствата  и да подигнеме свесност за болеста со цел да се пронајде лек и да се спречат страдања на илјадници деца и возрасни кои патат од истата болест. Истотака се радуваме кога можеме ние самите на некој да му помогнеме. Верувам во добра мисла и добро дело и верувам дека тоа не прави луѓе. Во Македонија луѓето не се навикнати да имаат многу, но знаат и тоа што го имаат да го поделат, кој колку има и колку може…сепак кога тагата се дели се намалува, споделена среќа е поголема среќа. Ви благодариме од се срце за Вашата подршка!

 

Со почит

Нина и Дарин,

Тања и Блашко Димковски”

 

*Завршениот Aпел за помош на Нина и Дарин Димковски

http://www.donacii.mk/baram-pomos/zavrseni-apeli/apel-za-pomosh-na-nina-i-darin/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

1 коментар

  1. Објавено од Ana, на Одговори

    Samo sto donirav 118 den na brojot od t-mobile za ovie dve angelcinja, no mi stigna poraka deka parite odat za lekuvanje na Erkan Kajahali. Ova navistina nema smisla t-mob da se sluzat so vakvi nefer raboti. Toa e demotivacija za lugeto sto sakaat da pomognat I za zal ne im odi vo prilog na bolnite sto baraat pomos! Stranata za donacii ja molam da proveri !

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: