Стојка Николова: “На лицата на нашето семејство повторно има насмевки.”

7

“Кога мојата ќеркичка наполни 4 годинки ја добивме информацијата дека набрзо ке добие братче. На среќата и немаше крај. Цело семејство со нетрпение го очекувавме бебето Петар. А најмногу нашата ќерка.

Еден ден по раѓањето, на нашиот Петар Николов му пронајдоа здравствен пробем, со скратен желудник. Тој не беше во состојба да пие млеко, и неговиот живот беше загрозен. Сепак, ни кажаа дека има надеж и дека сето тоа ке се реши со операција на Детската Хирургија. Но по тоа состојбата му се влошува. Имено, на мојот Петарпо операција, неговата состојба се влошува, односно на хранопроводот му се јавуваат стеснувања низ кои не може да помине храна, како и фистула (комуникација помеѓу хранопроводот и душникот). Петар се храни преку сонда, а млекото што го прима, често завршува во белите дробови, каде што дополнително прави проблем.

Заминавме и на Приватен Доктор, во Систина го оперираа, но повторно безуспешно. И тогаш решивме здравјето да го побараме надвор од нашата држава.  За тоа ни беа потребни материјални средства. Отворивме донациски броеви, хуманитарна сметка и почнавме…Се изненадивме од големиот одзив. Парите се собраа и Петар е сега одличен.

Прво заминавме во Белград, каде интервенцијата беше многу тешка и не препратија во Италија. Успешната интервенција таму ни го спаси Петар. Се уште сме во Италија, се опоравуваме, и конечно се сподготвуваме за дома. Да се вратиме здрави и да надокнадиме во животот на Петар се што досега не сме можеле да изживееме заедно.

Сакаме да се заблагодариме на сите хумани граѓани, и специјално на сестрите од ДетсПетаката Клиника, Директорката Софијанова, Скопските семејства Тодоровиќ и Морели. И на сите оние кои за Петар организираа концерти, донираа, прошируваа апели за помош, сите тие помогнаа сега да имаме здраво и живо дете.

Благодарение на сите Хумани луѓе, на лицата на нашето семејство повторно има насмевки.”

-Стојка Николова

Мајка на Петар Николов

 

*Апелот за помош кој заврши успешно за Петар:

http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-petar-nikolov/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: