Оља и Јован Стрезоски-Македонските младенци кои поставија донациска кутија на својата свадба

16

“Секогаш е добро време да се стори нешто добро “- oва на дело ни го покажаа Јован и Оља , кои својот најубав ден во животот, денот кога ја крунисаа својата љубов, го посветија на Помагањето, на Добрината и Хуманонoста.

Еве ја нивната прекрасна сторија.

Се запознаа во 2010 година, во Струга на журката на Paul Van Dyk. По четири години, љубовта ја крунисаа со брак. Нивната свадбена свеченост не беше обична, сепак. Тие се откажаа од букетите цвеќе, најголемата радост за секоја невеста, и наместо тоа, ги замолија своите гости на денот на нивната свадба да Помогнат едно девојче да ги собере потребните средства за да може да преживее.

Имено, приказната за борбата на Емануела Костоска  ги инспирираше на својата свеченост да постават донациска кутија за собирање средства за помош на Емануела…Еве ја нивната приказна раскажана од Олгица :

”   Живееме во брзо и динамично општество каде луѓето најчесто се презафатени со своите животи и своите проблеми и забораваат да бидат луѓе пред сѐ. Секојдневно гледаме апели за помош, луѓе кои не ги познаваме молат за 100 денари кои нас ништо не ни значат а нив можат да им го спасат животот. Чувството дека можеш да помогнеш некому веројатно е најблагородното чувство кое човек може да го почувствува, без разлика колку е таа мала или голема помош.

На поканите за свадбата ја напишавме и нашата идеја.   Реакцијата на поканите беше неверојатна, само пофалби и убави зборови и најважно од сѐ гостите донираа, некој по 100 ден, некој по 1.000 денари. Вкупната сума која ја собравме на нашата свадба беше 22.000 денари.

По свадбата ги однесовме средствата кај Емануела.    Зошто на добрите луѓе им се случуваат лошите работи – беше првото прашање кое ми помина низ глава кога ги запознавме родителите на Ема.  Неверојатно топли и искрени луѓе кои не примија во нивниот дом со широко срце и ни искажаа бескрајна благодарност. Најубавиот момент беше прегратката на Ема која силно не гушкаше на крајот кога си одевме.

Сметам дека нашето мало дело ќе служи како инспирација за нашите пријатели и познаници бидејќи веќе неколкумина од нив покажаа желба дека истото би сакале да го направат на нивните свадби, што посебно не радува

Среќна сум што успеавме да собереме определен износ на средства за Емануела и искрено се надевам дека ќе послужиме како инспирација за што повеќе луѓе да најдат начин да помогнат некому.”

Малите дела на добрина го прават овој свет поубаво место за живеење за сите нас. И да, дечките како Оља и Јован се инспирација. Инспирација, поголема отколку што замислуват.

Секоја чест!

Тимот на malidelanadobrina.mk им се заблагодарува на честа да ја објави нивната приказна.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: