Ленче Здравкин: ” Сите заeдно можеме да им го олесниме животот на овие луѓе кои бегаат од ужасите на војните со цел да си го спасат своето семејство”

2

 

-интервју на Ленче Здравкин,

жената -херој која им помага на мигрантите

кои транзитираат низ нашата земја, за www.donacii.mk.

“Од секогаш мојата водилка во животот била ” Раката што дава не се суши”. Во животот сум се соочувала со најразлични ситуации, никогаш не е се розево. Па многу често и мене и била потребна нечија помош.

Јас најдов начин да им помагам на мигрантите кои транзтираат низ нашата земја. Од првиот ден кога забележав бегалци во близина на мојот дом, ја отворив душата за нив. Тоа беше пред една ипол година.

…Топол чај, шише вода, леб со тегла ајвар, мармалад, и се така, ден по ден… за сето тоа да дојде до апел за помош до бегалците кои транзитираат низ нашата земја.

Мигрантите не се мојата елна група воопшто, туку луѓето воопшто.

Секој од нас заслужува еден нормален живот на овој свет, на кој сите сме само гости. И мигрантите не е помалку луѓе од нас, и тие се мајки, деца, татковци… Јас самата како Ленче Здравкин не можам сама да донесам промена на овој свет, но сите задно можеме да им го олесниме животот на овие луѓе кои бегаат од ужасите на војните со цел да си го спасат своето семејство. Тргнати со ништо на себе, но со надеж во нивните очи дека ги чека подобро утре.

Наша обврска е да им го олесниме патот до нивните соништа.”

Сите кои сакаат да им помогнат на мигрантите, кои многу често се гладни, болни, голи, можат да се приклучат во групата за помош и да помогнат со она кое го имаат .

За подобар свет на сите нас.

За хуманоста на Ленче во прилог и прилогот на Тв ВИС.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: