Креативен Предизвик ” SИД НА ХУМАНОСТА И ДОБРИНАТА ” во Август- Месецот на Хуманоста

3

 

Линк до ФБ Настанот: https://www.facebook.com/events/1467420543515223/

Кога: 08 август -19 август 2014

Каде: Facebook sид на настанот и #хуманост #добрина

 

Да споделиме ХУМАНОСТ, да споделиме ДОБРИНА. И да го претвориме целиот Август во месец на Хуманоста и Добрината.

ИСКОРИСТЕТЕ ГО SИДОТ НА ОВОЈ ФЕЈСБУК НАСТАН ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ КРЕАТИВНОСТ.

Ве предизвикуваме !
Секој може да закачи креативно дело кое го асоцира на Добрина, Хуманост, Човечност, Филантропија. СПОДЕЛЕТЕ ГО ТУКА.
Фотографија, мисла, туѓа или своја, видео, настан, книга, филм, музика, или само порака до некого, се што сакате 🙂

Kретаивниот предизвик е организиран по повод Интернационалниот Ден на Хуманоста, 19 август, кој се празнува во целиот свет како ден на Хуманоста, и месец Август како месец на Хуманоста,од страна на Здружението “Хуманост без Граници”, коe стои зад www.donacii.mk иwww.malidelanadobrina.mk,

Секој од нас, како алка во синџирот на Добрина и Хуманост, е еден носител на возвишена идеја. Вашето мало креативно дело на Хуманост и Добрина за некого ќе биде инспирација и тој самиот да направи таков гест за некого. И така, ланецот и кругот на Хуманост и Добрина се шират.
Малите дела се носители на Големите промени.
Влезете во кругот, и бидете и вие промената која сакате да ја видите во Светот.

И да, ние на крај нема да наградиме никого со материјална награда. Туку заедно ќе ја направиме најубавата Награда за секој од Нас, секој од Вас, заедно ќе созадеме океан од Инспирација. Океан од Хуманост, Океан од Добрина. Достапен за сите 🙂

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: