Драги Тимов: “Само така продолжете бидејки со вашата помош нашата БОЛКА се лечи”

11

Што е БОЛКА а што е ЉУБОВ?
БОЛКА може да биде се и кога ке се удрите или исечете, но постои болка која многу боли и многу побавно поминува, по различна од сите тие болки е болката за своето дете.
Ние семејство Тимови од самото раѓање на нашето дете Стефан Тимов покрај радоста дека ни се родило дете и сме формирале семејство истиот момент навлезе голема, преголема болка која ден денес не боли и се соочуваме а Стефан веќе ќе наполни 10 години.
Накратко ке објаснам за проблемот со Стефан кој од самото раѓање се соочува со проблем на десната рака (фати СЕПСА И СКРШЕНИЦА НА ЗГЛОБОТ при што дојде до блокирање на рачниот зглоб и ограниченост на движење на останатите делови од раката).
ЉУБОВ е кога некој премногу ти значи, нешто што е цел во вашиот живот (да створите семејство) да го пораснете, школувате, воспитате и да му го покажете вистинскиот правец на успех по кој или вие веќе одите, или пак некој друг оди а вие сте увиделе дека веќе касните за тој прав пат но сепак можете на вашето дета да му помогнете правилно да се движи во животот.
Што значи кога ке се спојат БОЛКА И ЉУБОВ?
Сите препреки ги прерипнувате сите железни врати ги отварате и пополека но сигурно одите до целта, болката се намалува а љубовта е уште поголема.
Ние сме семејство кое морално и материјално не можевме сето ова да го издржиме, а и живееме во земја каде препреките се преголеми а стандардот за живот многу лош.
Како ние ја лечевме нашата БОЛКА како ги прерипнувавме препреките и како ги отваравме железните врати за денес пополека да се доближуваме до решение за раката на Стефан да функционира и развива нормално.
(ова нека послужи за совет на родителите со иста БОЛКА)
Најнапред ќе ви кажам немојте да се срамите од тоа што сте или пак од тоа што ве снашло: НИКОГАШ ВО ЖИВОТОТ НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ. Имате проблем? Споделете го, со секого: брат, сестра, пријател познат и непознат бидејки проблемот е ваш а никогаш не знаете кој и кога може да ви помогне некоја железна врата да отворите или препрека да ја рипнете.
Запамтете секогаш кога ќе си ја кажете маката  или ја споделите тогаш давате терапија за вашата БОЛКА.
Не е срамно да излезете јавно на телевизија да го кажете вашиот проблем не е срамно да ве кажуват по радијата , да пишува по весници, да постојано споделуваш на фејсбук, да ги следиш страниците за донации да отвориш бројчиња од нашите оператори за донирање бидејки само така ќе успеете да го најдете решението како морално така и материјално за да го излечите вашето дете.
Ние го гледаме крајот на решението за проблем со раката на Стефан.
Направивме две операции: 2009 година во Бугарија и сега направивме во Јануари 2014 година една операција во Германија. На 24 Април следува уште една операција но најбитно од се е што дојдовме до големо подобрување, видливи резултати и се надеваме дека набргу до целосно опоравување.
Кога се ќе се среди секогаш ќе кажувам дека ние успеавме, но не ние како семејство туку ние како народ. Семејство сме кои на двапати ја побаравме подршката од народот како морално така и материјално и успеавме, може сме мала земја но со сигурност тврдам дека во оваа земја живеат луѓе со големо и хумано срце.
Во оваа прилика сакаме да изразиме голема благодарност до народот во Република Македонија до:
Фондација Т-МОБИЛЕ,ОНЕ И ВИП
ТВ КАНАЛ 5 (ЗДРАВО МАКЕДОНИЈА И ЗЕВЗЕКМАНИЈА)
ТВ АЛФА
АНТЕНА РАДИО
Здружението “Хуманост без Граници ”  и нивната страна www.donacii.mk
Сајтот на НОВА МАКЕДОНИЈА
Списанијата МАЈКА И БЕБЕ И ЖИВОТ НА ДЛАНКА
Унија на Млади сили ВМРО ДПМНЕ-ЧАИР
Се извинуваме доколку сме заборавиле некои.
ПРЕПОРАКА:
Какo што бевте хумани за нас и ни помогнавте, само така продолжете бидејки со вашата помош нашата БОЛКА се лечи.
Најголема благодарност од Стефче

 

-Драги Тимов

Татко на Стефан Тимов

 

*Апелот за помош кој заврши успешно за Стефан:

http://www.donacii.mk/baram-pomos/aktivni-apeli/apel-za-pomosh-na-stefan-timov/

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: