Да им помогнеме на болните дечиња со новогодишна картичка од 100 денари

3

Преземено од ТУКА

На Клиниката за детски болести денес беше презентирана првата Новогодишна картичка.

Идејата за картичките ја иницираа Издаваштвото Култура и компанијата Секјуриком. Се приклучија Фондацијата Златна Рипка, Графотрејд и Копринт. Вредните рачиња на децата од Градинката Детска Радост цртаа на тема Новогодишни празници, а заеднички го одбраа цртежот на малата Нела Трајкоска.

– Така настана нашата прва новогодишна картичка. Проект започнат со убава чиста мисла, со хумана идеа, нацртан од деца, наменет за деца. Преку нив не само што ќе им испратите најубави желби на своите пријатели и професионални контакти, туку радоста на новогодишните празници ќе ја проширите и во просториите на нашата Клиника. Во празниците кои се пред нас се дарува љубов. Им благодарам уште еданаш на сите овие прекрасни луѓе кои ја иницираа идеата за првата Новогодишна картичка и кои овозможија таа да биде реализирана – изјави др. Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.

Новогодишната честитка ќе се продава по цена од 100 денари. Може да се најде на сите продажни места на Култура, а ќе биде присутна и на новогодишните базари. Сите средства собрани од продажбата на оваа картичка ќе бидат искористени за купување на потребната опрема за Одделот за интензивна нега на Клиниката, каде секоја година се лекуваат повеќе од 500 деца.

– Ние од Фондацијата Златна Рипка сме среќни што сме дел од оваа акција. Во период од една година колку што постоиме успеавме да направиме повеќе дечиња среќни. Исполнивме желби на неколку деца од одделот Онокологија и продолжуваме да работиме во тој правец. Преку Новогодишните честитки и средствата кои ќе се соберат се надевам ќе помогнеме уште повеќе- вели Деспина Козаровска од Златна Рипка.

Четиригодишната Нела на својот цртеж нацрта многу елки и подароци за децата кои се лекуваат на клиниката. Вели дека сака Дедо Мраз да и донесе многу играчки, на неа и на сите деца.

Здружението Хуманост без граници поттикнува превземање на апелите за помош единствено за хуманитарни цели. Здружението се оградува од било какво користење на апелите за помош за политички цели, политичка пропаганда и ширење на верска, национална, политичка и друг вид омраза.

Објави мислење

Добивајте ги новите апели за помош директно на Вашиот емаил. Се што треба да направите е да го внесете Вашиот емаил во полето: